by v1ktor

Slides
41 slides

ЕКМТ Упатство ПРИРАЧНИК 01_01_2014.ppt

Published Mar 24, 2014 in
Direct Link :

ЕКМТ Упатство ПРИРАЧНИК 01_01_2014.ppt... Read more

Read less


Comments

comments powered by Disqus

Presentation Slides & Transcript

Presentation Slides & Transcript

ЕКМТ – УПАТСТВО01.01.2014 годПРИРАЧНИК, наменет за превозниците кои поседуваат ЕКМТ-дозволи и за службените лица вклучени во управувањето со квотата

24/03/1421. ДЕФИНИЦИИ (1)ЕКМТ: Еропска Конференција на Министри за Транспорт, меѓувладина организација основана во 1953 година.Земји-членки: земја која учествуваат во системот на ЕКМТ-квоти.Во системот на квоти, од 1 Јануари 2009 година, учествуваат следните земји-членки: Австрија, Албанија, Азербејџан, Белгија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Велика Британија, Германија, Грузија, Грција, Данска, Ерменија, Естонија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Лихненштајн, Луксенбург, Македонија, Малта, Молдавија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Руска Федерација, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка Република, Швајцарија, Шведска и Шпанија.Трета земја: земја која не е членка на ЕКМТ-системот на квоти.Земја на регистрација: државата каде што е регистрирано возилото. Тоа исто така е наведено на регистарската табличка на возилото.

24/03/1431. ДЕФИНИЦИИ (2)Дозвола:дозвола која важи за одреден број на патувања дефинирани во став 3.16, во одреден временски период помеѓу земјите-членки и придружена со прописно пополнет патен дневник.Надлежен орган:орган или тело во земјата-членка кој е надлежен да ги спроведе активностите поврзани со овој Прирачник Мултилатерален карактер:можноста за користење на дозволата за возења помеѓу земјите-членки, освен земјата во која е регистрирана транспортната компанија.Патен дневник:документ кој е составен дел на дозволата и содржи информации за превозите извршени со соодветната дозвола по хронолошки редослед вклучувајќи полни и празни возења. Оваа информација треба да се користи за контрола на користењето на дозволите.

24/03/1441. ДЕФИНИЦИИ (3)Меѓународен превоз:возење со полно или празно возило при што местото на поаѓање и местото на пристигнување се наоѓаат во две различни земји-членки, со или без транзит низ една или низ повеќе земји кои се или кои не се земји-членки; во вториот случа,ј дозволата секако не важи на територијата на земјата (-ите) што не е членка.Превоз под наем или за надоместок:превозот извршен од транспортно претпријатие со надоместок.Превоз за сопствена сметка:превоз кој не е под наем или за надоместок, што се потврдува со документи кои се наоѓаат во возилото.Каботажа:превоз во патниот сообраќај при што стоката се товара и се истовара на две одделни места во една земја со возило, кое е регистрирано во друга земја.

24/03/1451. ДЕФИНИЦИИ (4)Повремен (повторлив) транспорт:исклучителен транспорт помеѓу две земји--членки, надвор од земјата на регистрација.Претпријатие за превоз (транспортен превозник, превозник, превозник на стоки):секој поединечен или корпоративен субјект кој ја врши професијата меѓународен превозник на стока во патниот сообраќај и на кој прописно му е издадена лиценца да врши меѓународни превози од страна на надлежниот орган во земјата на основање.Транзит:возење низ територијата на некоја земја, при што стоката ниту се товара ниту се истоварува.

24/03/1461. ДЕФИНИЦИИ (5)Возило:моторно возило регистрирано во земја-членка, или комбинација на споени возила, од кои најмалку моторното возило е регистрирано во земјата-членка и исклучиво, наменето за превоз на стока. Возилото може да биде во сопственост на транспортното претпријатие, или може да се стави на негово располагање преку договор за наем или лизинг.Изнајмено возило:секое возило кое, за соодветен надоместок и за одреден период, е ангажирано од страна на претпријатие кое врши превоз на стока во патниот сообраќај под наем или за надоместок или за своја сопствена сметка врз основа на договор за наем или лизинг со претпријатие кое е сопственик на возилото.Основна квота:квота доделена на земјата-членка.Квота:бројот на дозволи што секоја година се даваат на располагање на една земја-членка на EКMT. Начелата за пресметување на оваа квота се утврдени од страна на Групата за патен транспорт и одобрена од Министрите.Држава на основање: земја членка во која правно е основан превозникот/ компанијата за превоз на стока.

24/03/1473.Издавање и ограничувања на EКMT-дозволи (1)3.1.EКMT-дозволите (види Анекс 1) се мултилатерални дозволи за вршење меѓународен превоз на стока во патниот сообраќај под наем или за надоместок од страна на транспортните претпријатија основани во земја-членка на ЕКМТ, врз основа на ситемот на квоти, при што превозот се врши: - помеѓу земјите-членки на ЕКМТ и - во транзит низ територијата на една или повеќе земји-членки на ЕКМТ,со возило регистрирано во земјата-членка на ЕКМТ.3.2.Дозволите не важат за превози помеѓу земја (земји) - членка и трета зeмја. На пример: возило кое врши превоз помеѓу Норвешка (земја-членка на ЕКМТ вклучена во системот на квоти) и Иран како крајна дестинација (земја која не е членка на ЕКМТ, но сосед на земја-членка на ЕКМТ) не може да користи ЕКМТ - дозвола за таков превоз. 3.3.ЕКМТ-дозволите важат ако транспортот поминува во транзит низ трета-земја (на пример: стоката натоварена во Норвешка за да се истовари во Русија, поминува во транзит низ Иран).

24/03/1483.Издавање и ограничувања на EКMT-дозволи (2)3.4.Ако стоката се превезува низ земја-членка на ЕКМТ за која има ограничување за користење на ЕКМТ-дозволите, низ таа држава може да се поминува во транзит со билатерална дозвола, со Дозвола на заедницата или со некое друго превозно средство (Ro-La), при што ЕКМТ дозволата останува во возилото од местото на утовар до местото на истовар.3.5.Постојат годишни дозволи во зелена боја, кои важат една календарска година (од 1 јануари до 31 декември) и краткорочни дозволи со важност од 30 дена, во жолта боја со печат „краткорочна дозвола“. (Под точка 3.4.- Во транзит со билетерална дозвола, значи дозволи согласно билетерални спогодби – транзитни или билетерално транзитни или либерално)

24/03/1493.Издавање и ограничувања на EКMT-дозволи (3)3.6.ЕКМТ-дозволите се издаваат во зависност од националните критериуми, на претпријатија за превоз во патниот сообраќај прописно овластени да вршат превоз од страна на надлежниот орган на земјата во која тие се основани. Дозволите не го покажуваат регистарскиот број на возилото и се пропратени со патниот дневник. .3.7.ЕКМТ не им наплатува на државите членки за овие дозволи. Според тоа, надоместокот што превозниците го плаќаат за ЕКМТ-дозволите го утврдува исклучиво земјата-членка во согласност со своето национално законодавство.Продолжување и ограничувања на важноста на дозволите3.8.Земјите-членки на ЕКМТ ја потврдуваваат важноста на дозволите издадени во друга земја-членка и кои се користат во согласност со одредбите утврдени во овој Прирачник и подлежат на сите подолу наведени ограничување. 3.9.Со оглед на недостатокот на расположив простор на дозволата, одлучено е рокот на важност да продолжи да се пополнува со арапски бројки и под нив месецот да биде напишан во целост со букви на националниот јазик и на англиски или на француски, а каде што е потребно, или само на англиски или само на француски јазик.

24/03/14103.Издавање и ограничувања на EКMT-дозволи (4)Општи ограничувања 3.10.Печатите што се спомнати во точките 3.12 и 3.14 се ставаат на десната маргина на првата страна на дозволата, од страна на надлежните органи што ги издаваат дозволите.3.11.Кога се врши превоз со споена комбинација на возила, дозволата се добива од надлежниот орган во државата во која е регистрирано влечното возило. Таа дозвола се однесува на споената комбинација на возила, дури и ако приколката или полуприколката не е регистрирана на име на сопственикот на дозволата, или ако е регистрирана во друга земја-членка. Територијални ограничувања3.12.Одредени дозволи не смеат да се користат на територијата на некои земји-членки и за таа цел на самата дозвола има црвен печат. Особено, дозволите што носат црвен печат со ознака на земјата како Австија или Грција или Унгарија или Италија. (види Анекс 3) не важат на територијата на наведената земја - членка .3.13.Краткорочните дозволи не важат на територијата на Австрија. 

24/03/14113.Издавање и ограничувања на EКMT-дозволи (5)Технички ограничувања 3.14.Одредени дозволи може исто така да се користат само со возилата за кои се користи еден од следните називи: 3.14.1.„ЕУРО IV безбеден“ камион (види поглавје 9 за шема на „ЕУРО IV безбеден“ камион,, во кој случај има специфичен зелен печат со бројката „ IV“ во средината (види Анекс 3). 3.14.2.„ЕУРО V безбеден“ камион (види поглавје 10 за шема на „ЕУРО V безбеден“ камион,, во кој случај има специфичен зелен печат со бројката „V“ во средината (види Анекс 3). 3.14.3.„ЕУРО VI безбеден“ камион (види поглавје 11 за шема на „ЕУРО VI безбеден“ камион,, во кој случај има специфичен зелен печат со бројката „VI“ во средината (види Анекс 3). 3.15. ........ Избришана „ЕУРО III безбеден“ камион ,во кој случај има специфичен зелен печат со бројката „III“ во средината (види Анекс 3) – преоден период до 31.12.2015 година

24/03/14123.Издавање и ограничувања на EКMT-дозволи (6)3.16.Од 1-ви јануари, 2006 година, со ЕКМТ-дозволите се дозволува превоз под следните услови: - после првото патување со товар или празно, помеѓу земјата-членка на регистрација и некоја друга земја членка. - превозникот може да изврши најмногу три патувања со товар, при што земјата-членка на регистрација не е вклучена. - после тие најмногу три возења со товар, возилото, натоварено или празно, мора да се врати во својата земјата-членка во која е регистрирано. Возењата без товар надвор од земјата на основање не се земени предвид, бидејќи тие не се сметаат за превозна операција. Транспортното патување со товар или возењето без товар до земјата на основање се смета како враќање назад.3.17.Превозникот не може да се казни два пати за ист прекршок. Со цел да се избегне повторно казнување за еден и истиот случај на непочитување на ограничувањето на три патувања, како што е дефинирано во став 3.16, контролниот орган на земјата-членка, кој го открива и санкционира случајот, во колоната „Посебни забелешки“ во патниот дневник треба да го наведе бројот на контролирани патувања во текот на кои е направен прекршокот (на пример: 3+1), како и датумот кога контролата е извршена и заверена со печат од секој контролен орган. Затоа, возилото што прави прекршок мора да се врати во земјата на основање што е можно побрзо. Во тој случај, дополнителниот превоз се смета за нов прекршок.

24/03/14134.Користење на ЕКМТ дозволите (1)4.1.Дозволата во одредено време може да ја користи само едно возило. Таа мора да се носи во возилото од местото на утовар (откако возилото ќе се утовари), до местото на истовар (откако возилото ќе се истовари), во текот на возењето со товар, или во текот на целото возење без товар, доколку возењето е пред или по патување со товар.4.2.Земјата на чија територија се врши утовар на возилото може да биде различна од земјата на потекло на товарената стока.4.3.ЕКМТ-дозволата не може да се користи за каботажа.4.4.Таа не го ослободува превозникот од барањата во врска со која било друга дозвола за превоз на вонгабаритни товари во поглед на големина или маса или за специфични категории на стока (на пример: опасна стока).

24/03/14144.Користење на ЕКМТ дозволите (2)4.5.EКMT-дозволата може да се користи и за возило земено под наем или лизинг, без возач, од страна на транспортната компанија на чие име истата е издадена. Возилото земено под наем мора да биде исклучиво на располагање на претпријатието што го користи и мора да го управува лице вработено во претпријатието. Во возилото мора да се носат следните документи: 4.5.1. Договорот за наем или лизинг, или заверен/потврден извадок од тој Договор во кој се наведени посебно името на закуподавачот, името на закупецот, датумот и времетраењето на Договорот, како и бројот за идентификација на возилото (VIN). 4.5.2. Во случај кога возачот не е лицето кое го зема под наем возилото, договорот за вработување на возачот или заверен извадок од тој договор каде што се наведени посебно името на работодавачот, името на вработениот и датумот и времетраењето на договорот за вработување или последниот извештај за плата. Ако има потреба, како замена на документите кои се наведени погоре можат да послужат еквивалентни документи издадени од надлежните органи на земјата-членка. Во прилог на тие документи треба исто така да има и превод на англиски, француски или германски јазик.

24/03/14154.Користење на ЕКМТ дозволите (3)4.6.Претпријатието не смее да ги пренесува ЕКМТ-дозволите на трето лице.4.7.Бидејќи името на претпријатието треба да е напишано на првата страна на дозволата, тоа треба да одговара на името на превозникот кој го врши превозот.4.8.Во случај кога возењето почнува со годишна или со краткорочна дозвола и продолжува со друга, издадена за следниот последователен период, двете дозволи треба да се носат во возилото во текот на целото патување.4.9.ЕКМТ-дозволите, патните дневници и потребните сертификати не смеат да се запечатат во фолија или на сличен начин да се обложат со заштитна превлака.

24/03/14165.Патен дневник (1)5.1.Сопственикот на ЕКМТ-дозволата води Патен дневник (види Анекс 7).5.2.Секоја земја печати патни дневници на сопствениот јазик во толкав број колку што е потребно за користење на годишните и краткорочните дозволи. За месечните дозволи обично се користат патни дневници со 5 страни.Се препорачува за годишните дневници да се испечатат 52 самокопирачки и нумерирани страници, што одговара на 52 недели во годината.5.3.Патниот дневник се испишува на име на превозникот и не се преносува.5.4.Патните дневници треба да го имаат истиот број како дозволите на кои се однесуваат, со додатен под-број доколку е потребно, бидејќи нов патен дневник може да се издава само ако и кога првиот патен дневник е веќе пополнет. Во случај кога не е така, дозволата може да се смета за неважечка.5.5.Регистрирањето на извршените превози се врши со цел да се прикаже по хронолошки редослед секое патување со товар помеѓу местото на утовар и местото на истовар, а исто така и за секое празно патување, со граничен премин. Местата на транзит може исто така да се запишат, меѓутоа тоа не е задолжително.

24/03/14175.Патен дневник (2)5.6.Патниот дневник мора да се пополни пред почнување на кое било патување што се врши со товар, помеѓу секое место на утовар и местото на истовар, како и на кое било патување без товар.5.7.Во случаите кога во текот на едно патување стоката се собира или истовара на различни места, во колоните 1,2,3,5 и 6 треба да се наведат соодветните фази, означувајќи ги со „+“, како на пример колона 2 а) место на утовар: Ventspils + Riga + Bauska; колона 5 бруто тежина: 12+5+5.5.8.Секоја исправка мора да се направи на тој начин што оригиналниот текст или бројките ќе останат читливи.5.9.Службените лица надлежни за контрола не можат да бараат во патниот дневник да има печати од секоја земја низ која се транзитира, но можат да одлучат да стават печат во патниот дневник после секоја контрола. Од сопственикот на ЕКМТ-дозволата не се бара во патниот дневник да има печати од секоја земја низ која транзитира.5.10.Во случаите спомнати во став 4.8, патниот дневник на дозволата со која е завршено патувањето содржи информации за целото патување, а во колоната „Посебни забелешки“ се внесува бројот на дозволата со која започнал превозот.

24/03/14185.Патен дневник (3)5.11.Дозволата, патниот дневник и сертификатот за: „ЕУРО III безбеден“ камион, „ЕУРО IV безбеден“ камион или „ЕУРО V безбеден“ камион, треба да се чуваат во возилото и мора да се покажат за проверка на барање на службените лица надлежни за контрола. Овие контролни органи смеат да стават печат во патниот дневник.по извршената проверка.5.12.Пополнетите листови за забележување треба да се чуваат во патниот дневник се до поминување на периодот на важност. наведен во дозволата. Копиите од листовите за забележување се откинуваат и доставуваат до надлежниот орган или тело, во рок од две недели по завршувањето на секој календарски месец, во случај на годишна дозвола. Краткорочните дозволи се доставуваат до надлежниот орган или тело во рок од две недели по завршување на периодот на нивната важност.5.13.Надлежниот орган мора да ги чува листовите за забележување во текот на следната календарска година.5.14.Така добиените информации може да се користат само за контрола на користењето на дозволите. Тие не смеат да се користат за оданочување или за соопштување на лични информации.

24/03/14196.Важност и повлекување на дозволите (1)6.1.Дозволите се сметаат за неважечка ако на нив не се напишани неизбришиво следните задолжителни поединости - Име или деловно име и целосна адреса на транспортното претпријатие. - Потпис и печат на органот кој ја издава дозволата. - Датум на почеток и престанок на важење на дозволата. - Датум на издавање на дозволата.6.2.Дозволите кои се изгубени, заменети но подоцна најдени, не се повеќе важечки. Истовременото користењето на овие дозволи, како и на дозволата која се заменува треба да се казни со повлекување на двете дозволи од страна на надлежен орган.6.3.За неважечки дозволи исто така се сметаат дозволите со кои нема уредно пополнет патен дневник и важечки сертификати кои потврдуваат согласност со видот на дозволата која се користи т.е. дозвола за „ЕУРО III безбеден“ камион, „ЕУРО IV безбеден“ камион или „ЕУРО V безбеден“ камион.6.4.Камионите од повисока категорија (како што е „ЕУРО IV безбеден“ камион) можат да користат дозволи од пониска категорија (како што е „ЕУРО III безбеден“ камион), но не е дозволено обратно.6.5.Дозволите исто така се сметаат за неважечки, ако контролата на лице место покаже дека емисијата на гасовите и безбедносните барања наведени за соодветните видови камиони не се исполнети.

24/03/14206.Важност и повлекување на дозволите (2)6.6.Надлежниот орган што ја издал дозволата мора да ја повлече, во случај на сериозни или повторени прекршоци при користење на ЕКМТ-дозволите, или прекршоци на социјалните и сообраќајните прописи, како и во случај на недоволна искористеност или ако се користат само за повремен (повторлив) транспорт.6.7.Во случај на користењето на изгубена или украдена ЕКМТ-дозвола, или искористена од страна на превозник на кој не му е доделена, или во случај на фалсификувана дозвола или дозвола со поминат рок или фалсификуван сертификат, дозволата или сертификатот веднаш се повлекуваат (одземаат) како доказ при следење на националните постапки. Копија или - ако не е потребна за националната постапка - оригината дозвола или оригиналниот сертификат и потребните информации се доставуваат до надлежниот Орган во земјата во земјата во која е основан превозникот без одлагање (во рок од 30 дена)6.8.Во случаите кога превозникот кој поседува дозволи од ЕКМТ-мултилатералната квота ги повторил прекршоците или фалсификувал кои било документи поврзани со користењето на ЕКМТ-дозволите, на превозник треба да му се забрани да поседува ЕКМТ-дозволи најмалку две години.(Италија искажа резервираност за рокот од 30 дена од точка 6.7.)

24/03/14217.Откажување и замена7.1.Дозволите што се повлечени или откажани, може повторно да бидат издадени на други превозници за преостанатиот период на важење. Во такви случаи, повлечените или откажани дозволи мора да се откажат пред да бидат заменети со резервна дозвола.7.2.Во случаите кога дозволата е изгубена или украдена, за тоа веднаш мора да биде известен надлежниот Орган или телото што ја издало дозволата. Таа може да се замени со друга дозвола за преостанатиот период на важење. 7.3.Секретаријатот мора да се извести за броевите на откажаните и заменети, изгубените или украдени дозволи, како и за броевите на дозволите со кои тие се заменети. Потоа, Секретаријатот на за тоа ги информира земјите-членки.

24/03/14228.Взаемна асистенција (1)8.1.Земјите членки треба да си пружат взаемна поддршка за примената на одредбите кои го регулираат користењето на дозволите, да ја следат нивната примена и да казнуваат за секој прекршок.8.2.Доколку надлежните органи на една земја-членка дознаат дека сопственикот на ECMT дозволата издадена во друга земја-членка ги прекршил одредбите за дозволата, земјата членка на чија територија се случил прекршокот мора за тоа да го извести Секретаријатот и надлежните органи на земјата на основање, со цел тие надлежни органи да преземат потребни понатамошни дејствија во однос на казни (вклучително и повлекување на дозволата).8.3.Соодветните надлежни органи треба да ги достават една до друга и до Секретаријатот, во рок од три месеци откако прекршокот е направен, сите расположиви информации и документи во однос на казните, преземени или предвидени, за прекршоци. Секретаријатот потоа ги информира сите други земји-членки.

24/03/14238.Взаемна асистенција (2)8.4.Во случај на повторување на прекршувањата од некоја земја-членка на ЕКМТ што учествува во системот на мултилатералната квота на различните одредби за примена на системот на мултилатерални квоти, надлежниот орган треба да направи белешка и истата да ја достави до Секретаријатот. Во секој случај одговорност на Групата за патен транспорт или на Одборот за менаџмент на транспортот (Транспорт менаџмент борд /ТМБ/) да го испита случајот и да одлучи дали дозволите доделени на таа земја ќе бидат замрзнати или повлечени.8.5.Овие постапки претставуваат минимални одредби што треба да се спроведуваат за ефикасното управување со системот на квоти.

24/03/1424Документи шти треба да се носат во „ЕУРО III безбеден“„ЕУРО IV безбеден“, „ЕУРО V безбеден“ и„ЕУРО VI безбеден“ камион Дневник, на јазикот на земјата на регистрација, нумериран од надлежните органи кои го врачиле, во кој ќе бидат вклучени:EКMT дозвола, прописно пополнета, со важност за една година или за 30 дена со печати што одговараат на типот на возилото за кое се однесува („ЕУРО III безбеден" камион, „ЕУРО IV безбеден" камион „ЕУРО V безбеденe" камион , „ЕУРО VI безбеденe" камион) и ако е потребно, црвен печат за неважење на териториите (A,GR,H,I,R). Краткорочната дозвола може да важи само за 30 дена. На пример, ако Органите ги врачат овие дозволи за три месеци, тие мора да пополнат три од нив истовремено, за три последователни периоди од 30 дена.Сертификатот за согласност со техничките одредби за издувни гасови и бучава како и со барањата за безбедност за „ЕУРО III безбеден" камион, „ЕУРО IV безбеден" камион IV безбеден" камион или "„ЕУРО V безбеден" камион, „ЕУРО VI безбеденe" камион (Анекс 4,5 и 6 во Прирачникот) ,пополнет на еден од четирите јазици (јазикот на земјата на регистрација, француски, англиски, германски), заедно со превод на најмалку на уште два од овие јазици. Сите тие се нумерираат на тој начин што формираат кохерентна низа од страна на земјата-членка. Националниот орган може или директно да продолжи понатаму со нумерирањето или тоа ќе го пренесат на производители, но и во двата случаја националниот орган ќе биде одговорен за осигурувањето дека трагата на броевите на сертификатите може повторно да се најде така што секој сертификат ќе може да се идентификува

24/03/1425Документи шти треба да се носат во „ЕУРО III безбеден“ „ЕУРО IV безбеден“ , „ЕУРО V безбеден“ камион или „ЕУРО VI безбеден“камион (2)Сертификатот за согласност со техничките одредби за издувни гасови и бучава за „ЕУРО III безбедни" или "ЕУРО IV безбедни" камиони, издадени пред 31 декември, 2008 год. остануваат важечкиСертификатот за согласност со техничките одредби за емисии на издувни гасови и бучава и барања за безбедност за „ЕУРО V безбеден" камион"ЕУРО IV безбедни" камион [ITF/TMB/TR(2008)4], издадени пред 31 декември, 2008 год. останува важечки.Возилата што се регистрирани за прв пат пред дополната и измената на Директивата или Регулативата, како што е наведено во Прирачникот, мора да биде во согласност со барањата од Директивата или Регулативата во верзијата расположиви во тоа време.Од 1 јануари 2009 година со толеранција до 31 март, 2009 година се користи еден заеднички сертификат за „ЕУРО III, ЕУРО IV и ЕУРО V безбеден„ камион. Поранешните сертификати, издадени меѓу 1 јануари 2009 и 31 март 2009, остануваат важечки.Од 01.01.2014 на сила е нов сертификат репродуциран во Анекс 4 од овој Прирачник , кој започна да се користи од декември 2012 година. Овој сертификат е заеднички за „ЕУРО IV, ЕЕ V , ЕУРО V и ЕУРО VI безбеден“ камион.Возила со ознака „ЕЕ V“ имаат исто значење како ЕУРО V камиони.

24/03/1426Документи шти треба да се носат во „ЕУРО III безбеден“ „ЕУРО IV безбеден“ или „ЕУРО V безбеден“„ЕУРО VI безбеден“камион (3)Сертификатот за согласност со барањата за безбедност за приколка или полуприколка (Анекс 5 во Прирачникот), пополнет на еден од четирите јазици (јазикот на земјата на регистрација, француски, англиски,германски), заедно со превод на најмалку два други од овие јазици. Сите тие се нумерираат на тој начин што формира кохерентна низа од страна на земјата-членка. Националниот орган може или директно да продолжи понатаму со нумерирањето или тоа ќе го пренесе на производители, но и во двата случаи националниот орган ќе биде одговорен да осигура дека трагата на броевите на сертификатите може повторно да се најде така што секој сертификат ќе може да се идентификува.Сертификатите издадени пред 31 декември, 2008 година остануваат важечки. Возилата што се регистрирани за прв пат пред дополната и измената на Директивата или Регулативата, како што е наведено во Прирачникот, мора да бидат во согласност со барањата од Директивата или Регулативата во верзијата применлива во тоа време.Сертификатите издадени од 01.01.2009 односно 31.03.2009 година остануваат важечки. Возилата што се регистрирани за прв пат пред дополната и измената на Директивата или Регулативата, како што е наведено во Прирачникот, мора да бидат во согласност со барањата од Директивата или Регулативата во верзијата применлива во тоа време.

24/03/1427Документи шти треба да се носат во „ЕУРО III безбеден“ „ЕУРО IV безбеден“ или „ЕУРО V безбеден“„ЕУРО VI безбеден“камион камион (4)Од 1 јануари 2014 година, мора да се користат сертификатит, репродуцирани во Анекс 4 од овој Прирачник,. Доколку тие не се достапни до овој датум, надлежните органи сеуште можат да ги користат поранешните сертификати до 31 Декември 2013 година. Поранешните сертификати, издадени меѓу 1јануари 2009 односно 31 март 2009, остануваат важечки.  Тестот за способност за пат за моторното возило и приколката или полуприколката (Анекс 6 во Прирачникот), пополнет на еден од четирите јазици (јазикот на земјата на регистрација, француски, англиски, германски), пропратен со превод на најмалку два други од овие јазици. Надлежниот орган ќе ги нумерира сите нив во земјата на регистрација – т. н ЕКМТ сертификат ( бела боја ) Имајќи го предвид фактот дека датумот на првата регистрација на возилото не е наведен во кој било ЕКМТ-сертификат и не е секогаш наведен во документот за регистрација на возилото, сите возила – без разлика дали се „нови“ или „стари“ – треба да го носат овој сертификат за да се осигура еден еднаков, брз и едноставен систем за контрола.

24/03/1428Општа практика во врска со „пополнувањето“ на сите сертификатиСите сертификати мора да бидат прописно пополнети и потпишани. Доколку се бара некоја информација или потврдување, а кај некоја од точките тоа недостасува, тие сертификати се сметаат за неважечки . Единствени исклучоци од ова правило се:• Задните заштитни уреди“ и „страничната заштита“ во Анекс 4 и 5: Како што е наведено во релевантната фуснота, овие точки не се бараат за влекачи за полуприколки.Затоа, за секој од овие случаи, строго се препорачува да се прецртаат оние точки кои не мора да се пополнуваат, наместо едноставно да се остават празни. 

24/03/1429Технички ограничувања ЕКМТ дозвола може да се користи само со возилото со ознаки :ЕУРО 3 безбедни ЕУРО 4 безбедни ЕУРО 5 безбедни ЕУРО 6 безбедниVI

24/03/1430Сертификат од влечни моторни возила заверен од производител или од него овластени субјекти (важи за возила регистрирани заклучно со 31.03.2009 год)

Сертификат од влечни моторни возила заверен од производител или од него овластени субјекти (важи за возила регистрирани oд 01.01.2009 год)24/03/1431

Сертификат од производителзванично важо од 01.01.2014 година (2012)24/03/1432

24/03/1433Сертификат за приклучни возила заверен од производител или од него овластен субјект важи за возила регистрирани заклучно со 31.03.2009 год.

24/03/1434Сертификат за приклучни возила заверен од производителот или од него овластен субјект важи за возила регистрирани од 01.01.2009 год.

24/03/1435ЕКМТ сертификат со важност од 2013-2014бел а боја – важи 12 месеци од дата на издавање

ЕКМТ сертификат со важност од 01.01.2014бел а боја – важи 12 месеци од дата на издавање24/03/1436

24/03/1437Видови ЕКМТ дозволи

24/03/1438Технички и територијални ограничувањаОдредени дозволи немаат важност на териториите на некои Земји членки,Црвен печат се става на десната маргина од првата страна на дозволата. Ограничувања во користење на ЕКМТ дозволите имаат одредено :Австрија, Грција, Унгарија, Италија и Руската Федерација

24/03/1439ЕКМТ- дневник

24/03/1440Лист од ЕКМТ дневник

24/03/1441Прирачникот го изработи:Муратовска Биљана МАКАМТРАНС ул.710 бр.1, СкопјеТел: 02/2551-057Факс: 02/2549-016Моб: 078/399-019info@makamtrans.org.mkwww.makamtrans.org.mk